ФИБА конечно ја призна АБА лигата

Од:

Светската кошаркарска федерација – ФИБА конечно даде зелено светло за регионалната АБА-лига чиј дел е и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

По многу натегања, барање за реорганизација, менување на сопственичката структура и преговори, ФИБА во текот на вчерашниот ден упати известувања до сите федерации кои преку свои претставници партиципираат во АБА лигата, а меѓу нив е и Македонската кошаркарска федерација.

Во известувањето од ФИБА потпишано од високите претставници на оваа организација Патрик Бауман и Камил Новак се потврдува дека нивните барања се исполнети.

– Би сакал да потврдам дека документацијата што ја испративте, во врска со писмото на ФИБА од 20 јуни е во потполност со барањата кои ги поставивме. Вашето барање е проследено до Бордот на ФИБА Европа, кој ќе се состане во недела во Будимшешта, пишува во соопштението што е испратено до сите засегнати федерации, меѓу кои и МКФ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос