ФИБА ќе ги суспендира сојузите кои ја поддржуваат АБА

Од:

Сите национални кошаркаски сојузи кои ја поддржаа АБА лигата ќе бидат суспендирани, што значи дека на тие репрезентации ќе им биде забранет настапот на натпреварувањата кои ги организира ФИБА, белградскиот весник „Новости“ на својата интернет страница.

Клубовите кои ја поддржаа АБА лигата, ќе мора писмено да ја повлечат истата или нивните национални сојузи ќе се соочат со сериозни последици.

За потсетување, клубовите кои ја поддржаа АБА лигата без оглед на тоа што нејзините челници не префрлија во целост сопственоста на клубовите се Цибона, Задар, Цедевита (Хрватска), Олимпија и Крка (Словенија), Игокеа (БиХ), Будуќност (Црна Гора), Партизан, Металац, Мега Лекс (Србија) и МЗТ (Македонија).

ФИБА неколку пати бараше од АБА лигата да и биде доставена комплетната документација околу сосптвеноста, но челниците на регионалното натпреварување одбија да го направат тоа, по што ФИБА се реши да ја укине лигата.

Потоа на 19.мај клубовите станаа сосптвеници на 80 отсто од лигата, што е спротивно со барањето на ФИБА, лигата 100 отсто да биде во сосптеност на клубовите.

Пред да започне со санкциите ФИБА на клубовите ќе им даде рок од десет дена да ги повлечат своите потписи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос