Фиат со Мицубиши работи на нов пикап модел

Од:

Фиат ги здружи силите со Мицубиши за создавање на голем пикап модел што ќе се најде во понудата на италијанската компанија во Европа и Јужна Америка.

Се очекува новиот Фиат пикап да биде врз основа на Мицубиши Л200, а во продажба да се најде во 2016 година.

Серџо Маркјоне планира до 2016 година Фиат повторно да оствари профит, а еден од ретко успешните делови на компанијата Фиат Профешнл ќе биде задолжен за новиот пикап модел.

Сегментот Фиат Профешнл на годишно ниво носи заработка меѓу 200 и 300 милиони евра.

Фиат, меѓу другото, планира да ја зголеми продажбата на 600.000 единици до 2018 година, од сегашните 413.000 возила годишно.

Моментално во понудата на Фиат се наоѓа малиот пикап модел Страда, што се произведува во Бразил.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска