ФФМ: Викендов продолжуваат Првата лига, Вторите и Третите лиги

Од:

Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од МФЛ. Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19.

Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ.

Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Од следната сезона ВАР и во македонскиот фудбал

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски