ФФМ сподели корисни информации за македонските навивачи на Европското првенство

Од:

Македонските навивачи кои имаат обезбедено билети за натпреварите што „црвено-жолтите“ ќе ги играат во Букурешт и Амстердам во рамките на Европското првенство во фудбал 2021, од денеска на официјалната веб-страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) можат да се запознаат со сите потребни информации во врска со патувањето и пристапот до стадионите.

Преку официјалната веб-страна, ФФМ сподели корисни информации за навивачите како да го испланираат патувањето, сместувањето и пристапот до стадионите во Букурешт и Амстердам, потребните услови за влез во Холандија, како и навивачкиот кодекс и правилата за однесување на стадионите на ЕУРО2020.

Македонските навивачи преку веб-страната можат да ги активираат и мобилните апликации поврзани со билетите за натпреварите и да се запознаат со официјалниот „водич“ што УЕФА го подготви за сите 11 градови домаќини на ЕУРО2020.

Македонската фудбалска репрезентација утре претпладне заминува за Букурешт, каде на 13 јуни игра против Австрија, а на 17 јуни против Украина. Завршниот трет натпревар во рамки на групата Ц, „црвено – жолтите“ ќе го играат против Холандија, на 21 јуни на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски