Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел верува дека шампионатот оваа сезона се „прекрши“ од трката во Сингапур, каде што не победи поради проблеми со болидот.
Тој го загуби водството во шампионатот по трката во Германија, кога Луис Хамилтон го освои првото место и на крајот стана шампион.
– Не мислам дека клучот беше трката во Германија. Сметам дека голема улога за развојот нас настаните имаше трката во Сингапур. Од Сингапур, престанавме да се „носиме“ со Мерцедес. За тоа има неколку причини, од технички па до наши грешки, на пилотите. И јас направив посериозни грешки. Тоа е дел од трките. Кога ќе се обидете да го извлечете максимумот, можете да го претерате. Но, сето тоа е веќе зад нас. Тоа им се случува на сите, изјави Фетел.
На две трки пред крајот на шампионатот во Формула 1, Луис Хамилтон од Мерцедес ја обезбеди титулата светски шампион.