Фетел: Не жалам за времето поминато во Ферари

Од:

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел изјави дека не жали за времето поминато во тимот.

– Нормално, не му се придружив на Ферари само за да бидам во Ферари или само за да победувам на трки. Сакав да освојам титули. Во овој поглед, можеме да кажеме дека не успеваме – да не ја освоиме шампионската титула. Имавме добри моменти кои не би сакал да ги изгубам. Запознав луѓе кои ми помагаа, се дружеа – можеби за цел живот, изјави Фетел за италијанските медиуми.

Не жалам за моите години во Ферари. Тимот стана голем дел од мојот живот. Од почетокот, Ферари беше посебно место затоа што пораснав гледајќи ги трките на Михаел Шумахер. Секако, сакав да настапам подобро отколку што можам. Но, дефинитивно се обидов да дадам се од себе. Поминавме и добри времиња, и лоши времиња, но ова е дел од животот, и сега, веројатно, време е и двете страни да продолжат понатаму, додаде германскиот возач во Формула 1.

Четирикратниот светски шампион кариерата ќе ја продолжи во тимот Астон Мартин.

– Тимот има голем потенцијал, има многу добри луѓе, паметни луѓе и едвај чекам да помогнам и да покажам резултат. Секогаш е одлично кога ќе добиете одлични перформанси веднаш. Сакам да му помогнам на тимот да расте, сакам да уживам во работата што претстои, нагласи Фетел.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес