Ферстапен: И јас да имав болид како тој на Хамилтон, немаше да бидам агресивен

Од:

Пилотот на Формула 1 тимот, Ред Бул, Макс Ферстапен, за кого се шпекулира дека ќе го наследи Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, постојано во своите изјави го провоцира актуелниот светски првак.

Младиот холандски пилот е познат по агресивниот стил на возење, а тој има и објаснување зошто тоа е така.

„Не мислам дека возам поразлично од претходните години, но можеби и има разлика, сега сум поискусен. Ако имавме болид како тој на Хамилтон, и јас немаше да бидам толку агресивен. Вака, приморан сум да возам така за да бидам конкурентен, инаку тешко е да се тркате со таков моќен болид каков што има Мерцедес“, коментира 22-годишниот Ферстапен.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес