Ферари продолжува без тимски наредби на трките

Од:

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене остро реагираше на прашање дали од тимот конечно ќе започнат да наметнуваат тимски наредби кон пилотите при трките.

Италијанецот категорично истакна дека никогаш не дал и ќе продолжи на ист начин да не дава наредби пред почетокот на трките. Според Аривабене, ова е комплетен апсурд и дури може да биде многу опасно.

– Сакам да бидам максимално јасен еднаш за секогаш. Никогаш не сум давал и нема да давам наредби кон пилотите за време на трките. Според мене, тоа е апсурдно и дури може да е многу опасно. Она што сакам од моите момчиња пред трките е и двата болида да поминат без оштетувања во првиот свиок. Тоа е, категоричен беше Аривабене.

Темата беше покрената по траката за Големета награда на Италија, во која Кими Раиконен, кој веќе заостанува 68 поени зад клубскиот колега Себастијан Фетел, не му ја отстапи пол позиција. На овој начин Фетел остана во неповолна позиција, од која не успеа да се одбрани од нападот од третиот на стартот на „Монца“, Луис Хамилтон.

Од сето ова, следеше удар меѓу нив и вртење на Германецот, кој го испрати четирикратниот светски шампион на последното место во колоната.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур