Ферари му нуди нов договор на Фетел за значително помала плата

Од:

Ферари изрази подготвеност за продолжување на договорот со Себастијан Фетел за уште една година, меѓутоа за значително помала плата од 40 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија, по одложување на трката за ГН на Австралија, тимот од Маринело му предложил нов договор на четирикратниот светски шампион на уште една година, со послаби финансиски услови од оние при актуелната соработка.

Ферари, пак, потпиша нов договор со Шарл Леклер со 2024 година, откако пилотот од Монако возеше неспоредливо подобро од германскиот колега во минатата сезона.

Доколку Фетел го одбие понуденото, тогаш Ферари ќе се обиде да го ангажира Даниел Рикардо од екипата на Рено, а како резервни опции се споменуваат Карлос Сајнц од Мекларен и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес