Финскиот пилот во Формула 1 Кими Раиконен же добие уште една шанса од Ферари да извози добра сезона и да биде конкурентен за највисок пласман.
– Доколку биде во неговата препознатлива форма, вистинско уживање е да се гледа како вози Раиконен. Има неверојатна рутина во одредени моменти, меѓутоа на периоди делува незаинтересирано, како да е на пауза. Мора да биде конзистентен кога се во прашање перформансите. Ова е веројатно последна шанса да покаже што знае. Би била права штета да ја напушти Формула 1 без да го прикаже потенцијалот кој го поседува, изјави Серџо Маркионе, претседател на Ферари.
Во последните четири сезони Раиконен не е на ниво на тимските колеги и секогаш на крајот на сезоната беше со помалку бодови.