Феникс 2010 остана без четвртфинале во Европската младинска лига

Од:

Младите кошаркари на Феникс 2010 од Скопје, родени 2001 година, се поразени во првиот меч од младинската европска лига, односно завршниот „Супер-фајнал’’ турнир за играчи до 15 години, што се одржува во литванскиот град  Клаипеда.

На турнирот на кој учествуваат десетте најдобри екипи од Европа, во неизвесен дуел екипата на Феникс 2010 загуби во осминафиналето од естонскиот тим Аудентес од Талин со 44-48 по четвртини 18:12, 09:11, 06:09 и 11:16.

Иако, три четвртини нашиот преставник во ова натпреварување, ја имаше контролата над резултатот и постојано водство, сепак во последниот период лошата реализација во ударите за три поени (1/19) се покажа како клучна за овој пораз. Андреј Јакимовски со 14 поени и 9 скокови, како и Никола Кацарски кој средбата ја заврши со 22 скокови и 8 поени беа најзабележителните играчи во македонскиот тим, за кој претстојат најмалку уште два натпревари.

Веќе попладнево Феникс ќе разигруваат за пласман од 7 до 10 место, а противник ќе биде поразениот од мечот меѓу Динамо Москва и домаќинот Клаипеда.

На ова натпреварување кое е под „капата“ на ФИБА Европа, покрај македонскат и естонската екипа, настапуваат и тимови од Литванија, Унгарија, Чешка и Русија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос