Фени Индустри убедлив на гостувањето кај Струмица

Од:

Кошаркарите на Фени Индустри славеа убедлива победа со 85:53 синоќа на гостувањето кај Струмица во натпревар од 7.коло на Првата македонска кошаркарска лига.

Фени до четвртата победа ја предводеа, Кирил Николовски со дабл-дабл учинок од 25 поени и 18 скокови, како и Пековиќ кој покрај 14 поени имаше и 12 скокови.

Со новите два бода кавадаречкиот клуб сега се проби на третото место на табелата, додека Струмица останува претпоследна со две победи и пет порази.

Оваа рунда во домашното првенство ќе биде комплетирана вечерва (19 часот) со натпреварот во Гевгелија каде екипата на Бест, која досега нема победа, го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Претходно беа одиграни две средби од оваа рунда:

Куманово – Кожув 80:83,
Карпош Соколи – Работнички 87:64.

Табела: Карпош Соколи 13 бодови, МЗТ Скопје А 11, Фени Индустри 11, Кожув 11, Куманово 10, Работнички 10, Струмица 9 и Бест 6.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос