Фени Индустри и Струмица за старт на последното коло од Првата лига

Од:

Со натпреварот меѓу Фени Индустри и Струмица што се игра вечер во Кавадарци ќе стартуваат натпреварите од 28. последно коло од Првата кошаркарска лига.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Утре се играат два натпревара од оваа рунда. Работнички во салата „Градски парк“ го пречекува Кожув, додека Бест во Гевгелија е домаќин на Куманово.

Дербито на колото се игра в недела меѓу двете првопласирани екипи на табелата МЗТ Скопје Аеродорм и Карпош Соколи. Почетокот на натпреварот што се игра во СЦ „Јане Сандански“ е во 18 часот.

Натпреварите од плеј офот се закажани да почнат на 26. април.

Први на табелата се МЗТ Скопје Аеродорм со 51 бод, следат Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 44, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 32, Бест 27.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос