Фени Индустри и Куманово во плејофот на кошаркарското првенство на Македонија

Од:

Екипите на Фени Индустри и Куманово им се приклучија на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички во плејофот, односно, разигрувањето за шампионскиот трофеј во кошаркарското првенство на Македонија.
Ова е епилогот по комплетирањето на дуелите од 8.коло во Супер лигата.

Со победата над Карпош Соколи од 78:65 остварена пред својата публика во Кавадарци, екипата на Фени Индустри ја осигура четвртата позиција на табелата, а со тоа и место во полуфиналето на плејофот. Кавадаречката екипа, на две кола до крајот има две победи повеќе од Карпош Соколи, но и подобар биланс во меѓусебните дуели.

Со поразот на гостувањето во „Градски парк’’ од Работнички со 83:73, екипата на Кожув и дефинитивно ги загуби сите шанси за место меѓу четирите најдобри.

Ден порано шампионот МЗТ Скопје Аеродром го декласира Куманово со 49 поени разлика 107:58.
Табела: МЗТ Скопје А. 42 бодови, Работнички 41, Куманово 39, Фени Индустри 38, Карпош Соколи 36 и Кожув 35.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос