Фени и Соколи стигнаа до четвртите победи

Од:

Кошаркарите на Фени Индустри и на Карпош Соколи забележаа убедливи победи на вечерашните натпревари од 6.коло во Првата лига.

Фени го совлада Гоце Делчев во Штип со 81:66, додека Карпош Соколи ги победија Водњански Лисици со 82:66.

За двете екипи ова беа четврти победи сезонава со таа разлика што Фени има одиграно натпревар повеќе.

Натпреварот Кожув – МЗТ Скопје Аеродром ќе се одигра в среда во Гевгелија.

Табела: Фени Индустри 10 бода (шест одиграни натпревари), Куманово 9 (5), Карпош Соколи 9 (5), МЗТ Скопје Аеродром 7 (4), Гоце Делчев 7 (6), Кожув 6 (4), Водњански Лисици 6 (6), Работнички 4 (3) и Струмица 4 (3).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос