Кошаркарите на Фенербахче остварија победа во дербито на 21.коло од Евролигата. Тие вечерва славеа над ЦСКА Москва со резултат 77:71, решавачката предност домашниот тим ја направи во третиот период кој го доби со 24:11.
На првиот натпревар од оваа рунда одигран денеска Уникс Казан – Олимпијакос 75:90, а предмалку заврши дуелот Жалгирис – Барселона 89:85.
Во тек се натпреварите: Бамберг – Макаби и Милано Армани – Дарушафака.
Утре се играат натпреварите: Галатасарај – Панатинаикос, Басконија – Реал Мадрид и Црвена Звезда – Анадолу Ефес.
Табела: ЦСКА Москва 15-6 (победи-порази), Реал Мадрид 15-5, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Црвена Звезда 12-8, Басконија 12-8, Панатинаикос 11-9, Дарушафака 10-10, Жалгирис 9-12, Анадолу Ефес 9-11, Барселона 8-13, Бамберг 7-13, Макаби 7-13, Уникс 7-14, Милано Армани 6-14, Галатасарај 6-14.