Турскиот фудбалски клуб Фенербахче сака да го купи играчот на Арсенал Месут Озил во зимскиот преоден рок.
Озил крајот на минатата сезона потпиша нов договор со Арсенал вреден 350.000 фунти неделно, но не покажува игра каква што сакаат навивачите и тренерот.
Управата на Арсенал ќе ја разгледа понудата од најмалку 42 милиони фунти за продажба на својот играч.