Кошаркарите на Фенербахче успеаја да го скршат отпорот на Емпорио Армани во последната четвртина од синоќешниот натпревар во 11.коло од Евролигата и се пласираа меѓу осумте најдобри.
На другите две вчерашни средби од оваа рунда победи за Панатинаикос против Реал и за Лаборал против Олимпијакос.
Резултати во 11. коло и табели во двете групи:
Е група: Црвена Звезда – Барселона 73:77, Макаби – Жалгирис 79:72, Алба – Галатасарај 75:68 и Панатинаикос – Реал Мадрид 85:69.
Табела Е група: Реал Мадрид 9-2 (победи-порази), Барселона 8-3, Макаби 7-4, Панатинаикос 6-5, Алба 5-6, Жалгирис 4-7, Црвена Звезда 3-8, Галатасарај 2-9.
Ф група: Анадолу Ефес – Нижни Новгород 79:75, Уникаха – ЦСКА Москва 77:95, Фенербахче – Еморио Армани 98:77 и Лаборал – Олимпијакос 74:73.
Табела Ф група: Фенербахче 9-2, ЦСКА Москва 9-2, Олимпијакос 8-3, Анадолу Ефес 5-6, Лаборал 5-6, Емпорио Армани 3-8, Нижни Новгород 3-8, Уникаха 2-9.