Фенербахче ја прекина серијата порази во Евролигата

Од:

Кошаркарите на Фенербахче ја прекинаа серијата порази во Евролигата откако синоќа на домашен терен остварија победа над градскиот ривал Анадолу Ефес.

По трите порази Фенербахче ја постигна петтата победа. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за нецели седум минути постигна два поена со два скока.

Резултати на натпреварите од 8.коло: Фенербахче – Анадолу Ефес 88:80, Уникс – Макаби 73:74, Црвена Звезда – Армани Милано 83:70 и Басконија – Бамберг 81:74.

Вечерва се играат четири натпревари: ЦСКА Москва – Жалгирис, Галатасарај – Дарушафака, Панатинаикос – Олимпијакос и Барселона – Реал Мадрид.

Табела: ЦСКА Москва 6-1 (победи-порази), Реал Мадрид 5-2, Дарушафака 5-2, Басконија 5-3, Фенербахче 5-3, Олимпијакос 4-3, Панатинаикос 4-3, Барселона 4-3, Макаби 4-4, Црвена Звезда 4-4, Армани Милано 4-4, Анадолу Ефес 3-5, Жалгирис 2-5, Бамберг 2-6, Уникс 2-6, Галатасарај 1-6.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска