Екипите на Фенербахче и Уникаха, со победата над Стразбур и Макаби, го обезбеди своето место во втората ТОП 16 фаза на кошаркарската Евролига.
Фенербахче пред својата публика го победи Стразбур со 81-64 и ја оствари шестата победа, па на три кола до крајот на првата рунда, уште од сега, го осигура својот настап во ТОП 16.
Истото го стори и Уникаха со триумфот над Макаби со 82-68.
Пласман во ТОП 16 веќе имаа обезбедено: Олимпијакос, Барселона и ЦСКА Москва, кои веќе имаат обезбедено пласман во следната рунда.
Резултати и двојки од 7.коло во Евролигата:
А група: Химки – Баерн М. 70-81, Фенербахче – Стразбур 81-64 и Црвена звезда – Реал Мадрид (денеска).
Табела: *Фенербахче 13 бодови, Химки 11, Баерн Минхен 10, Стразбур 10, Реал Мадрид 8 и Црвена Звезда 8.
Б група: Лимож – Цедевита 69-78, Емпорио Армани – Анадолу Ефес 59-52 и Олимпијакос – Лаборал 59-52.
Табела: *Олимпијакос 13 бодови, Лаборал 11, Цедевита 11, Анадолу Ефес 10, Емпорио Армани 9 и Лимож 9.
Ц група: Зелена Гора – Барселона 64-93, Локомотив Кубан – Жалгирис и Каршијака – Панатинаикос (денеска).
Табела: *Барселона 13 бодови, Локомотив Кубан 11, Жалгирис 9, Панатинаикос 8, Каршијака 8 и Зелена Гора 8.
Д група: Уникаха – Макаби Т.А. 82-68, 18:45 ЦСКА Москва – Динамо Сасари и 20:45 Дарушафака – Бросе Баскет (денеска).
Табела: *Уникаха 13 бодови, *ЦСКА Москва 11, Бросе Баскет 10, Дарушафака 9, Макаби Т.А. 8 и Динамо Сасари 6.