Екипите на Фенербахче и ЦСКА поведоа со 2-0 во победи во дуелите со Реал мадрид и Црвена Ѕвезда во разигрувањето на кошаркарската Евролига.
Во вториот меч од четвртфиналната серија, која ќе се игра до три добиени натпревари, Фенербахче максимално ја искористи предноста на домашниот терен и поведе со 2;0 против актуелниот бранител на шампионскиот трофеј Реал Мадрид, откако на синоќешната средба турската екипа убедливо славеше триумф со 100:78.
За разлика од дуелот во Истанбул, на мечот во Москва екипата на ЦСКА забележа минимална победа над Црвена Ѕвезда со 77:76, со која руската екипа поведе со 2-0 во победи.
Сега серијата се сели во Мадрид и Белград каде третиот меч ќе се игра на 18 април, а евентуалниот четврти два дена подоцна.
Вечерва на програмата се вторите дуели меѓу Локомотив Кубан и Барселона, односно Лаборал и Панатинаикос во кои домаќините имаат предност од 1-0 во победи.