Со комплетирање на 13.коло од ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига од синоќа познати се уште две екипи (Панатинаикос и Црвена Звезда) кои се пласираа во четвртфиналето. Со победата на Фенербахче над Анадолу Ефес, во групата Е, пласман меѓу осумте најдобри екипи избори и Црвена Звезда, која без разлика на исходите од дуелите во последното коло ќе биде подобро пласирана од Анадолу Ефес.
Во групата Ф, Лабаорал со тројка во последните секунди го победи Реал Мадрид и кои две екипи покрај ЦСКА Москва и Лаборал ќе се пласираат во четвртфиналето ќе биде познато дури по одигрувањето на последното коло. Во конкуренција се пет екипи.
Резултати на дуелите од 13.коло:
Е група: Локомотив Кубан – Уникаха 80:61, Црвена Звезда – Дарушафака 61:80, Фенербахче – Ефес Пилсен 90:86 и Панатинаикос – Цедевита 76:60.
Табела група Е: Фенербахче 11-2 (победи-порази), Локомотив Кубан 9-4, Панатинаикос 9-4, Црвена Звезда 7-6, Анадолу Ефес 6-7, Дарушафака 4-9, Цедевита 3-10, Уникаха 3-10.
Група Ф: Химки – Олимпијакос 98:66, и Барселона – Бамберг 75:57, ЦСКА Москва – Жалгирис 100:86 и Лаборал – Реал Мадрид 89:88.
Табела група Ф: ЦСКА Москва 9-4, Лаборал 9-4, Барселона 7-6, Химки 7-6, Реал Мадрид 6-7, Бамберг 6-7, Олимпијакос 6-7, Жалгирис 2-10.