Актуелниот европски шампион Макаби ги заврши натпреварите оваа сезона во кошаркарската Евролига откако синоќа пред своите навивачи во третиот натпревар од четвртфиналето загуби од Фенербахче со 75:74 по продолжение. По 40 минути беше 65:65.
Решавачкиот кош го постигна Ендрју Гуделок, додека најефикасен кај победникот беше Никос Зизис со 19 поени, а на дуелот најпрецизен беше играчот на Макаби Џереми Парго со 21 поен.
Фенербахче со максимални 3-0 во победи се пласира во полуфиналето на завршниот турнир.
На вториот дуел одигран синоќа Панатинаикос минимално ја победи ЦСКА Москва со 86:85 и намали на 2-1 во добиени натпревари. Никос Папас со 25 поени од Панатинаикос беше најефикасен, додека Сони Вимс од ЦСКА реализираше 24 поени.
Следниот натпревар се игра утре во Атина.
Вечерва се играат третите дуели меѓу Олимпијакос – Барселона (1-1 во победи) и Анадолу Ефес – Реал Мадрид (0-2).