„Фемили Аеродром“ ќе ги бојкотира натпреварите на МЗТ во малата сала

Од:

Навивачката група на МЗТ Скопје Аеродром денеска преку соопштение ја извести јавноста дека повеќе нема да присуствуваат на натпреварите на нивниот клуб кои ќе бидат играни во малата сала од СЦ „Јане Сандански“.

Тие обвинија дека нешто не е во ред со оваа сала, поточно со кварцните греалки кои биле штетни по здравјето на луѓето, а како последица од нивното користење, според „Фемили“ повеќе нивни членови се со нарушено здравје.

Ви го пренесеуваме соопштението на „Фемили Аеродром“.

– Во сезона на грипови,вирози и честа покачена температура ретко кој можеше да замисли дека ќе ни се случи ваква епидемија на заболени со болки и црвенило во очите, главата и респираторниот систем.

Да се запознаеме со историјата и анамнезата на болеста. Пред две недели првпат игравме во малата сала против екипата на Гоце Делчев од Штип. На страна деградирањето на нашиот клуб кој по изградбата на новата сала дел од натпреварите ги игра на помошното игралиште во истата (повторно „секоја чест” за целокупната управа и раководство), но по тој натпревар голем број на луѓе од нашата група, од самата публика па дури и дел од играчите се пожалија на болки и печење на очите, како и константна болка на главата. Имаше и такви кои сакаа да покренат тужба но повторно заради ненарушување на (релативно) добрите односи со управата и организаторот тоа не се случи иако имаат лекарски уверенија кои можат да им послужат.
Вчера пак, против екипата на Струмица повторно иста песна и натпревар во малата сала а последиците ги гледаме денес, повторно 30-40 луѓе со иста дијагноза и проблеми, и тоа само дечки од нашиот круг на луѓе кои добро ги познаваме и со кои секојдневно комуницираме. Овој пат дали ќе помине сета работа како пред две недели и не сме баш сигурни.

Дознавме дека и 4-5 наши играчи се жалат и биле денес на доктор, а исто така и физиотерапевтот и докторот на екипата кој дури завршил и на ургентно! Што се случува не знаеме, ама дека е добро сигурно не е. Од докторите при прегледот некои наши членови добиле информација уште првиот пат дека не биле исклучени некои си кварцни греалки кои што емитирале штетни зраци кои можат оние чувствителните да ги осетат повеќе од останатите.

Првиот пат реагиравме и апелиравме да нема вакви нешта, ама очигледно тоа не стигнало онаму каде што треба т.е знаеме дека стигнало ама на едно уво влегло, а на друго излегло.

Чисто за да ја презентираме и доловиме ситуацијата до Вас цитат помеѓу едно лице вработено во нашиот клуб и еден од повредените играчи (кој седеше веднаш пред нашата трибина): „Кога ти викам да седиш од оваа страна да дојдеш ти одиш од другата” (во овој случај оваа страна е спротивната од нашата трибина).
После ова секој коментар е излишен. Дали луѓето вработени во клубот знаат за проблемите кои ги имаат луѓето, а свесно сепак ништо не превземаат во врска со тоа? Дали постојат такви мозоци кои би го загрозиле здравјето и на играчите од сопствената екипа и стручен штаб, а при тоа да знаат за причинителот на овие лоши работи.

Одговорите навистина не ги знаеме, но веќе ништо не може да не изненади. Она што го знаеме е дека сите понатамошни натпревари кои ќе се играат во малата сала ние како група организирано ќе ги бојкотираме и нема да ги следиме се додека не се превземе нешто во врска со овој проблем.

Овој пат никакви усмени гаранции, телефонски повици и слично нема да бидат од корист бидејќи мора граница да се повлече! Можеби на некој од страна кога ќе го чита ова ќе му биде смешно или чудно но во 2014 година покрај толку технологии и модернизација да се случуваат вакви работи е навистина трагично. Препорачуваме сите кои имаат сличен проблем да си извадат лекарско бидејќи ова не смее да помине туку-така.

Со среќа нека ви е во малата сала, играјте си таму уште 100 години, стои во соопштението на „Фемили Аеродром“.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос