Фејсбук: Стигна новиот Safety Check, корисниците ќе можат да ги проверуваат своите пријатели

Од:

Кога во почетокот на 2016 година Facebook Safety Check (Проверка на безбедноста) се активираше поради терористичките напади во Париз, најголемата светска социјална мреже наиде на огромни критики бидејќи не дојде до активирање при бомбардирањето на Бејрут и други слични трагедии.

Safety Check предизвика загриженост поради неефективните алгоритми кои управуваат со него и кои некои корисници на Фесјбук во САД ги алармирале поради земјотрес во Пакистан. Поради тие пропусти опцијата на Фејсбук поминува реформа за со неа да се покријат региони во светот кои немаат доволно медиумско внимание. Safety Check на Фејсбук од оваа недела дозволува на корисниците своите пријатели и членови на семејството да прашаат дали се ОК и од нив да побараат да потврдат дека тие се на безбедно место.

Фејсбук до сега се потпираше на работата на инжинерите кои податоците за несреќите и терористичките напади ги преземаа од трети извори. Конечно, инжинерите на корисниците би ја проследиле опцијата „чекирање‟ по пат на Safety Check.

За да ги идентификуваат корисниците кои можеби се наоѓаат во опасност, Фејсбук користел географски податоци врз основ на местата на конекцијата на корисникот.

Новиот вид на Safety Check дозволува на корисниците да одредат кој би можел да биде во опасност, а врз основ на свое знаење. Така на пример во случај на пожар во еден град Фејсбук нема да го активира Safety Check за целата популација на тоа место, туку опцијата ќе се активира врз основ на активноста на корисникот, кој прашањето за безбедноста ќе го прати на лица за кои знае дека живеат или работат во близина на местото на пожарот. 

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он