Федерер стартуваше со победа на Мастерсот во Лондон

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер со победа синоќа над Томаш Бердих го почна настапот на Мастерсот што се игра во Лондон. По сетови Федерер мечот го доби со 6:4 и 6:2.

На воведниот меч од завршниот Мастерс и од групата „Стен Смит“ Новак Ѓоковиќ го победи Кеи Нишикори со 6:1 во двата сета.

Ѓоковиќ и Федерер имаат по една победа во оваа група.

По завршувањето на мечот Ѓоковиќ – Нишикори на Ѓоковиќ му беше врачен и пехарот за најдобар тенисер во 2015 година, бидејќи е јасно дека нема шанси некој друг играч да го освои пехарот.

Денеска на вториот ден од турнирот се играат мечевите од групата „Илие Настасе“. Први попладнево ќе играат Енди Мареј и Давид Ферер, а во вечерните часови е мечот Стан Вавринка – Рафаел Надал.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров