Федерер со победа го почна Мастерс купот во Лондон

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер со победа го почна настапот на Мастерс купот што се одржува во Лондон. Тој синоќа во вториот меч од Б групата го победи Милош Раониќ (Канада) со 2:0 во сетови.

Првиот сет убедливо го доби Федерер со 6:1 во гемови, а во вториот Раониќ постојано имаше предност и при водство од 6:5 не искористи сет топка. Федерер се избори за тај брек и успеа да го добие со максимални 7:0.

Во првиот меч од групата Кеи Нишикори (Јапонија) го победи Енди Мареј (Велика Британија) со 2:0 (6:4 и 6:4).

Во рамките на А групата денеска се играат мечевите од 1.коло: Стан Вавринка – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Марин Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров