Федерер сигурен во првото коло на Вимблдон

Од:

Швајцарецот Роџер Федерер без многу мака и по само три одиграни сета го мина првото коло на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон.

Само 1 час и 32 минути му беа потребни на 4-носител Федерер за да го победи Паоло Лоренци од Италија со 6-1, 6-1 и 6-3.

Тој е третиот од четворицата топ фаворити за освојување на шампионскиот трофеј кој без проблеми го минаа првото коло, откако тоа веќе го сторија бранителот на трофејот, Енди Мареј (3-носител) и првиот носител Новак Ѓоковиќ.

Во овие моменти својот меч од првото коло го игра светскиот рекет број 1, инаку втор носител на Вимблдон, Рафаел Надал кој за противник го има Мартин Клизан од Словачка.

Од носителите првата рунда на Вимблдон, денеска успешно ја минаа и: Станислас Вавринка (5, Швајцарија), Кеи Нишикори (10, Јапонија) и Жо Вилфред Цонга (14, Франција).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров