Федерер прави прогрес на АТП листата

Од:

По поразот на Рафаел Надал, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе избие на второто место на АТП листата, првпат од мај минатата година.

– Тоа се добри вести. Го искористив лошиот период на Надал. Не освоив Грен слем титула годинава, но бев константен и како резултат на тоа доаѓа напредокот на АТП листата. Во секој случај подобро е да одиш нагоре, отколку да паѓаш. Сметам дека во моментов заслужено сум втор тенисер во светот, изјави Федерер.

Тој вчера во 2.коло на турнирот во Шангај среќно го победи Леонардо Мајер (Аргентина) со 2:1 во сетови во меч на кој спаси пет меч топки.

– Ќе бидам искрен и ќе кажамдека противникот заслужи да победи. Имав неверојатна среќа. Првата меч топка беше луда. Беше многу неизвесно. Досега сум правел пресврти, ама овој веројатно е еден од најголемите. Жал ми е за Леонардо, ама тоа е спортот. Некогаш добиваш, некогаш губиш, додаде Швајцарецот.

Во 3. коло на турнирот во Кина противник на Федерер ќе биде Роберто Баутиста (Шпанија). Овој меч на програма е денес од 14 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров