Федерер полуфиналист на турнирот во Истанбул

Од:

Рожер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот што се игра во Истанбул. Тој денеска во натпревар од четвртфиналето со 2:1 во сетови го совлада Даниел Гимено-Травер.

Натпреварот траеше два часа и 28 минути и третиот сет Федерер го доби со 6:3 во гемови, додека претходните два сета по еден освои секој од играчите во тај-брек.

Федерер во полуфиналето ќе игра против Диего Шварцман, кој исто така со 2:1 во сетови го победи Сантијаго Гиралдо.

Во вторите два четвртфинални меча играат: Иван Додиг – Григор Димитров и Пабло Куевас – Томас Белучи. Победниците од овие мечеви ќе играат во второто полуфинале.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров