Федерер на Вимблдон е секогаш фаворит

Од:

Кариерата на Роџер Федерер тргна по надолна линија од 2011-та година кога за прв пат по девет години, сезоната ја заврши без ниту една титула на Грен слем турнирите.

Недостатокот на големи резултати се одрази на позицијата на табелата. Тој падна на четвртото место на АТП листата.

Тогаш и тргнаа приказните дека времето на Федерер поминало и дека нема да успее да се врати.

Но токму финишот во 2011-та беше клучен. Го освои завршниот мастерс во Лондон, а во првите шест месеци од 2012 беше најдобар на четири турнири и во Лондон пристигна во одлична состојба. На Вимблдон ја освои седмата титула и се врати на челната позиција во конкуренција на Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

federerWimbldon1

Две години подоцна ситуацијата е слична, по одличниот старт на сезоната и трофејот во Дубаи, Швајцарецот славеше и во Хале. Тоа е уште еден доказ дека и со полни 32 години не треба да се отпише, особено не на Вимблдон.

Колку тревата му одговара на неговиот стил на игра покажува токму таа титула, која беше 14-та на оваа подлога.

На најбрзата подлога, Федерер се потпира на своите четири најсилни оружја – сервис, движење, играта на мрежа и слајс ударот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров