Федерер ја прекина серија победи на Ѓоковиќ и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Лондон

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер ја прекина серијата победи на Новак Ѓоковиќ, откако синоќа на Мастерсот во Лондон го совлада со 2:0 во сетови (7:5 и 6:2 во гемови).

Српскиот тенисер во 2015 година последниот пораз го претрпе во Синсинати исто така од Федерер, а забележа 23 победи до синоќешниот пораз.

Федерер со овој триумф обезбеди полуфинале на Мастерсот без разлика на исходот од последниот меч во групата против Кеи Нишикори.

За второто место во полуфиналето од оваа група ќе се борат останатите тројца играчи.

По двата круга, Федерер во групата „Стен Смит“ има скор 2-0 (победи-порази), Ѓоковиќ 1-1, Нишикори 1-1, Бердих 0-2.

Во 3.коло утре ќе играат:
Ѓоковиќ – Бердих и
Федерер – Нишикори.

Денеска се играат мечевите од групата „Илие Настасе“:
Енди Мареј – Рафаел Надал и
Стен Вавринка – Давид Ферер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров