Двајца од фаворитите на машкиот дел од турнирот во Индијан Велс Рожер Федерер и Рафаел Надал синоќа постигнаа победи и изборија пласман во осминафиналето.
Рафаел Надал го победи Доналд Јанг со 2:0 во сетови, додека Рожер Федерер беше поуспешен од Андреас Сепи истотака со 2:0.
Пласман во осминафиналето изборија уште Томи Робредо со триумф над Григор Димитров со 2:1 во сетови, додека Милош Раониќ беше поуспешен од Александар Долгополов со 2:0.
Кај жените Серена Вилијамс по голема борба со 2:1 во сетови ја победи Слоун Стивенс, додека Флавија Пенета која е актуелна шампионка со истиот резултат ја победи Марија Шарапова.