Федерер и ја донесе „Салатарата“ на Швајцарија

Од:

Еден од најуспешните тенисери на сите времиња, Рожер Федерер изгледаше доста несигурно, кога загуби од Гаел Монфис во петокот и им го препушти на Французите единствениот поен, меѓутоа денес беше за класа подобар од Гаске и на Швајцарија и го донесе првиот Дејвис Куп, а себе си си ја зголеми легендарната приказна.

Домаќинот не успеа ниту еднаш да дојде до брејк-шанса, камо ли да го загрози Федерер, кој на крајот славеше со 3:0 во сетови (6:3, 6:2, 6:2).

Така по 3:1 за црвено-белите безначаен е петтиот меч во финалето.

Швајцарците се 14 репрезентација која барем еднаш ја освоила „салатарата”, а успеаја во вториот обид, откако во финалето во 1992 година загубија од САД.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров