Федерер го прескокна Надал на АТП листата

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер по триумфот на турнирот во Шангај, го искористи и лошиот резултат на Рафаел Надал и се проби на второто место на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ.

Првопласираниот Ѓоковиќ има 11.510 поени, додека Федерер собра 9.080.
Надал со 8.105 е на третата позиција, а зад него се Стан Вавринка со 5.385 и Давид Ферер – 4.585. Вавринка и Ферер се загрозени од Кеи Нишикори и од Томаш Бердих, кој во овој период имаат подобри резултати (Нишикори – 4.355 поени, Бердих – 4.325).

За одбележување е дека и македонскиот тенисер Томислав Јотовски го подобри својот пласман – 562 место, што е негов најдобар ранг во кариерата.
Димитар Грабул е 630.место, Шендрит Деари – 1.223.место, Стефан Мицов – 1.295.место и Бесир Дургути – 1.311.место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров