Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се откажа од настапот во големото финале на Мастерсот во Лондон закажано за 19 часот.
Швајцарецот на само еден час пред почетокот на финалниот дуел ја информира јавноста дека поради повреда нема да може да му се спротивстави на првиот светски рекет.
– Не сум подготвен за натпревар. Се обидов и со антибиотици, но не помогна. Не можам да играм со Новак. Се надевам дека ќе ме разберете. Ви се извинувам што не сум во можност да настапам, им се обрати Федерер на присутните во „О2 Арена“ во Лондон.
Причината за откажувањето на Федерер најверојатно е повредата на грбот.
За Ѓоковиќ денешниот трофеј е вкупно четврти на завршниот АТП турнир во Лондон и трет во низа.