Швајцарецот Рожер Федерер ја освои првата титула во новата година откако триумфираше на турнирот во Дубаи совладувајќи го во финалето 2-0 (6-3, 7-5) Новак Ѓоковиќ.
Швајцарецот одигра одличен натпревар на кој спаси дури осум брејк-топки на противникот, а исто така имаше навистина фантастичен сервис затоа што дојде до бројката од 12 аса, наспроти само еден на Ноле. До победата, тој дојде со два брејка – првиот го направи во првиот сет за водство од 5-3, додека во вториот, брејкот беше за водство од 6-5.
За искусниот Федерер, ова е рекорден седми трофеј во Дубаи. Претходно, тој на оваа подлога триумфираше во 2014, 2012, 2007, 2005, 2004 и 2003 година.