Федерер експресно во финалето на Вимблдон

Од:

РоЖер Федерер е вториот тенисер кој обезбеди пласман на Гренд-слем турнирот Вимблдон.

Швајцарецот кој инаку е четврти носител на Вимблдон, лесно во полуфиналето го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ (8-носител).

Вториот полуфинален меч на Вимблдон, траеше само 101 минута, а во него на Федерар му беа потребни само три сета за да го добие Раониќ и тоа во сите три со идентични 6:4, 6:4 и 6:4.

За Федерер ова ќе биде осмо финале на Вимблдон каде има седум титули, а само во финалето 2008 година беше поразен и тоа од Рафаел Надал.

Во првиот полуфинален меч Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови го совлада Григор Димитров од Бугарија.

Ѓоковиќ ќе го игра своето трето финале, откако 2011-година во својот прв настап го освои трофејот со победата над Надал, а минатата година во финалето загуби од Енди Мареј.

Финалниот меч во машка конкуренција ќе се игра во недела, а утре на програмата е женското финале.мс/19:36

Во него за титулата ќе се борат 6-носителка Петра Квитова од Чешка и Канаѓанката Ежини Бушар 13-та носителка на турнирот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров