Федерер без поголеми проблеми во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати

Од:

Рожер Федерер без поголеми пречки мина уште една рунда на Мастерсот во Синсинати откако ноќеска во четвртфиналето го победи Фелицијано Лопез со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). За влез во финалето вечерва ќе игра против Енди Мареј, кој во три сета со 2:1 (4:6; 6:1 и 6:4) го совлада Ришар Гаске.

Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Александар Долгополов.
Ѓоковиќ беше подобар од Стан Вавринка со 2:0 (6:4 и 6:1), додека Долгополов го совлада Томаш Бердих со 2:0 (6:4 и 6:2) во сетови.

На женскиот дел од турнирот во полуфиналето ќе играат: Серена Вилијамс – Елина Свитолина и Симона Халеп – Јелена Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров