Фаворитките сигурни на тенискиот турнир во Истанбул

Од:

Италијанката Роберта Винчи и Каролина Вознијацки од Данска ќе играат во финалето на тенискиот турнир во Истанбул.

Втората носителка Винчи во полуфиналето ја совлада Ана Коњух (Хрватска) со 2-0 во сетови 6:4 и 6:2.
Вознијацки која е прва носителка во полуфиналната фаза беше подобра од француската тенисерка Кристина Младеновиќ со 2-0 во сетови 6:2 и 6:3.

Во досегашните три меча на Винчи и Вознијацки, поуспешна е Италијанката со две победи.

Финалето е закажано за 16 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров