Ф1: Верстапен ја освои ГН на Холандија

Од:

Холанѓанецот Макс Верстапен победи денеска на домашен терен во трката за Големата награда на Холандија и со тоа го презеде водство во генералниот пласман сезонава во формула 1.

Верстапен во првата трка на патеката Замворт во календарот на Ф1 по пауза од 36 години, водеше од стартот до целта, забележувајќи ја на крајот седмата победа оваа сезона, и вкупно 17-та во кариерата.

Второто место го освои актуелниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон, е трет беше неговиот клупски колега, Финецот Валтер Ботас.

По 13 трки, Верстапен води во генералниот пласман со 224.5 бодови, три повеќе од второпласираниот Хамилтон. На третото место е Ботас, кој досега собра 123 бодови.

Следната трка во календарот на Ф1 е на 12 септември во Монца за Големата награда на Италија.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур