Ф1 тимовите ги тестираат првите верзии на крилата за 2019

Од:

Дводневните тестови на патеката „Хунгароринг“ точно пред почетокот на летната пауза обезбеди совршена можност за тимовите од Формула 1 да ги тестираат своите први прототипи на крилата за догодина.

Од следната година предните крила во Формула 1 ќе бидат пошироки за цели 20 сантиметри и ќе се наоѓаат за 2,5 см подалеку од предната оска.

Од 2019-та ќе се дозволат само по пет аерокомпоненти по предните крила, а надворешните страни ќе мора да биде целосно мазни.

Овие промени се прават со цел да се зголеми бројот на надминувања за време на трките, бидејќи овие крила ќе создаваат помалку турбулентни текови и ќе биде полесно автомобилите да се следат одблиску во свиоците.

Задните крила исто ќе станат пошироки и повисоки, што ќе го зголеми ефектот на ДРС системот и исто така би требало да ги олесни претекнувањата.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур