Ф1: Новиот болид на „Вилијамс“ во јавност на 5 март

Од:

„Вилијамс“ е петтата екипа во Формула 1 која го објави датумот за промоција на болидот за новата сезона, закажувајќи ја презентацијата на моделот FW43B за петти март.

Екипата на „Вилијамс“, која доминираше во Формула 1 во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век, последните три сезони беше последно пласирана во поредокот на конструктори, но неодамнешната промена во сопственичката структура најавува подобри денови.

Екипата минатиот август премина во сопственост на инвестициската компанија „Доритол Капитал“, која веќе го засили стручниот дел на тимот со доведувањето на поранешниот прв човек на Мекларен, Џост Капито и екс светскиот првак Џенсон Батон.

Промоцијата на своите нови болиди за претстојната сезона, претходно ги објавија и екипите на „Мекларен“, „Мерцедес“, „Алфа Ромео“ и „Алфа Таури“.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур