Ф1 и Пирели пред нов договор

Од:

Италијанскиот производител на гуми „Пирели“ и Формула 1 се наоѓаат пред потпишување на нов договор за продолжување на соработката.

И покрај големиот број проблеми кои се појавија со пневматиците на болидите на неколку трки од годинашниот шампионат, сепак раководството на Ф1 донело одлука да се продолжи соработката со италијанската компанија.

„Пирели“ е ексклузивен снабдувач со гуми на болидите од Формула 1.

– Потписот е скоро завршена работа. Остануваат да се средат уште малку детали и слободно ќе можат адвокатите на двете страни да дадат зелено светло за официјализирање на соработката, изјавуваат од „Пирели.

Италијанскиот производител на гуми има ексклузивитет веќе трета година во Формула 1 и многу е веројатно таквиот статус да го задржи и во иднина, пред се поради незаинтересираноста на „Бриџстоун“ и „Гудијаер“ да се вратат во Светскиот шампионат Ф1.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур