„Ф-Тајп проект 7“ – најбрзиот сериски „Јагуар“ досега

Од:

Тимот на „Јагуар“ за специјални возила официјално го претстави новиот „Ф-Тајп проект 7“, со 576 коњски сили, што го прави најбрзиот досега сериски модел на британската компанија.

Двосед моделот е изработен врз основа на „Д-Тајп“ дизајнот, а моќноста од 567 коњски сили доаѓа од 5.0 литарскиот В8 мотор со супер полнач.

Сериското производство е ограничено на 250 промероци, а првите испораки се очекуваат идната година. Новиот модел се разликува од серискиот „Ф-Тајп“ првенствено според опремата од карбон, што го прави полесен за 80 килограми.

Моделот ќе биде достапен во четири бои – црвена, бела, сина и зелена, а белите кругови и линии ќе може да се отстранат по желба на купувачот.

„Јагуар Ф-Тајп“ проект 7 од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,9 секунди, а максималната брзина изнесува 300 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска