Европскиот првак Макаби поразен во Белград

Од:

Кошаркарите на европскиот шампион Макаби синоќа во натпревар од 9. коло од кошаркарската Евролига (ТОП 16 фаза) загубија на гостувањето во Белград од Црвена Звезда со 89:76. Решавачко за победата на „црвено-белите“ беше серијата од 20:0 во последната четвртина. Најефикасен кај победникот беше Бобан Марјановиќ со 19 поени.

Резултати и двојки од 9. коло од Евролигата:

Е група: Црвена Звезда – Макаби 89:76, Алба – Жалгирис 80:72, Панатинаикос – Барселона 77:81 и Галатасарај – Реал Мадрид играат вечерва.

Табела: Реал Мадрид 7-1 (победи-порази), Барселона 6-3, Макаби 6-3, Панатинаикос 5-4, Алба 4-5, Жалгирис 3-6, Галатасарај 2-6, Црвена Звезда 2-7.

Ф група: Фенербахче – Нижни Новгород 92:79, Лаборал – ЦСКА Москва 74:81, Емпорио Армани – Олимпијакос и Уникаха – Анадолу Ефес играат вечерва.

Табела: Олимпијакос 7-1, Фенербахче 7-2, ЦСКА Москва 7-2, Анадолу Ефес 4-4, Лаборал 4-5, Емпорио Армани 2-6, Нижни Новгород 2-7, Уникаха 1-7.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска