Евролигата ја казни Црвена звезда Белград, дел од Арена ќе биде затворен против Ефес

Од:

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда од Белград денеска соопшти дека Евролигата го казнила клубот и затворила дел од белградската Арена за натпреварот против Ефес во 33. коло на Евролигата.

Како што е наведено на сајтот на „црвено-белите“, клубот е казнет за неспортско и неодговорно однесување на дел од публиката и поединци за време и по натпреварот против Реал Мадрид во 32. коло од Евролигата.

„За натпреварот од 33. коло од Евролигата против Анадолу Ефес, закажан за петок, 4 април во 20 часот, со одлука на дисциплинскиот судија, која беше детално образложена, клубот нема да може да продава билети до полн капацитет на салата, туку 80 отсто од капацитетот на белградска арена“, се додава во соопштението.

Црвена звезда Белград објави дека клубот е казнет и со вкупно 16.000 евра за постојани прекршоци кои се повторувале во текот на сезоната 2024/2025 како и претходните сезони на натпреварите организирани од Црвена звезда.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата