Со четирите средби одиграни синоќа комплетирано е 7.коло од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
Во оваа рунда доминираа домашните екипи кои остварија победи на девет од десетте натпревари.
На натпреварите одиграни синоќа, беа постигнати овие резулктати: Локомотив Кубан – Дарушафака 82-58, ЦСКА Москва – Олимпијакос 92-85, Панатинаикос – Анадолу Ефес 83-78 и Барселона – Жалгирис 92-86.
На средбите кои пак беа одиграно ден порано, а на кои победија домашните тимови Црвена Звезда ја совлада Цедевита со 94-74, Фенербахче беше убедлив над Уникаха со 80-59, а Лаборал го совлада Бросе Баскет со 90-64.
Честа на гостите во ова коло ја спаси актуелниот шампион Реал Мадрид кој на гостувањето во Москва го победи Химки со 93-82.
Е група – табела: Фенербахче 7-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 5-2, Црвена Звезда 4-3, Панатинаикос 4-3, Анадолу Ефес 3-4, Уникаха 2-5, Цедевита 2-5, Дарушафака 1-6.
Ф група – табела: ЦСКА Москва 5-2, Лаборал 5-2, Химки 4-3, Реал Мадрид 4-3, Барселона 3-4, Олимпијакос 3-4, Бросе Баскет 3-4, Жалгирис 1-6.