Во кошаркарската Евролига вчера беа одиграни шест натпревари од претпоследното 9. коло од првата фаза по групи.
Екипата на Жалгирис и го нанесе третиот пораз на Барселона и тоа на гостински терен совладувајќи ја со 92-88. Тоа го искористи Локомотив Кубан, кој со победата над Каршијака, го презеде првото место на табелата во Ц групата во која дефинитивно сите шанси за пласман во „ТОП 16’’ фазата ги загуби турската екипа.
Истото важи и за францускиот тим Лимож. кој вчера пред домашните навивачи загуби од Олимпијакос, додека Макаби со триумфот над Бамберг ги сочува шансите во последното коло да се пласира меѓу шеснаесетте најдобри.
Вечерва ќе се одиграат преостанатите натпревари од ова коло, во кои неколку натпревари директно ќе решаваат за пласман во следната фаза.
А група: Баерн Минхен – Реал Мадрид, Стразбур – Кимки, Фенербахче – Црвена Звезда (петок).
Табела: *Фенербахче 6-2 (победи-порази), Кимки 4-4, Баерн 3-4, Црвена Звезда 3-4, Реал Мадрид 3-5, Стразбур 3-5.
Б група: Анадолу Ефес – Лаборал 95-86, Лимож – Олимпијакос 67-76 и Цедевита – Емпорио Армани (денеска).
Табела: Олимпијакос 8-1, Анадолу Ефес 5-4, Лаборал 5-4, Цедевита 4-4, Армани 2-6, Лимож 2-7.
Ц група: Пинар Каршијака – Локомотив Кубан 78-88, Барселона – Жалгирис 88-92 И Панатинаикос – Зелена Гора (денеска).
Табела: Локомотив Кубан 7-2, Барселона 6-3, Жалгирис 5-4, Панатинаикос 4-4, Зелена Гора 2-6, Пинар Каршијака 2-7.
Д група: Макаби – Бамберг 85-64, Динамо Сасари – Уникаха 65-77 и ЦСКА Москва – Дарушафака (денеска).
Табела: ЦСКА Москва 7-1, Уникаха 7-2, Бамберг 5-4, Дарушафака 4-4, Макаби 3-6, Динамо Сасари 0-9.
Пласман во „ТОП 16’’ досега имаат обезбедено: Фенербахче (А група), Олимпијакос, Лаборал, Анадолу Ефес (Б група), Барселона, Локомотив Кубан, Жалгирис (Ц група) и ЦСКА Москва, Уникаха и Бамберг (Д група).